Ем медиа

Друштво за трговија и услуги „Ем медиа“ од Скопје е основано во 2009 година од Ацо Мисајловски, брат на политичарот од тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. По основањето на компанијата тој го регистрира порталот „Курир“. Мисајловски претходно нема искуство во медиумскиот бизнис.

Во 2015 година, кога неговиот брат станува министер за транспорт и врски, ја продава компанијата на Саше Стојановски, во тој момент уредник на порталот. Тој, пак, во 2017 година го продава мнозинскиот удел на фирмата со унгарски капитал „Адинамик медиа“ и останува малцински сопственик. „Ем медиа“ е сопственик на повеќе онлајн портали како „Денешен“ за политички вести, „Економски“ за економски вести и „Здравство“ за теми од здравството

Клучни податоци

Бизнис форма

Приватна

Правна форма

Друштво со ограничена одговорност на едно лице

Бизнис сектори

Интернет издаваштво

Сопствеништво

Индивидуален сопственик

Медиуми
Other Media Outlets
Факти

Општи податоци

Година на основање

2009

Поврзани интереси на основачот

Ацо Мисајловски

Тој е македонски бизнисмен, кој е познат пред се како брат на политичарот Владо Мисајловски, потпретседател на партијата ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски. Во 2009 година ја основа компанијата „Ем медиа“, која го регистрира порталот „Курир“. Ацо Мисајловски претходно нема искуство во медиумскиот бизнис. Во 2015 година ја продава компанијата на Саше Стојановски, во тој момент уредник на порталот. Денес Мисајловски е сопственик и директор на агенцијата за маркетинг „Креатива 5“. Не е експониран во јавноста и за него нема многу информации.

Вработени

17

Контакт

Адреса: ул. „Мирче Оровчанец“ бр.25/1, кат 4/9 , 1000 Скопје

E-mail : info@kurir.mk

тел.: 389 2 614 18 27

web: www.kurir.mk

Даночен / матичен број

6537774

Финансиски информации

Приходи ( Финансиски податоци/опционално)

315.018 $ /18.46 мил. МКД

Оперативен профит (во мил. $)

-33.447 $/ -1.96 мил. МКД

Рекламирање (во % од вкупното финансирање)

Нема податоци

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 23.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union