Клан Мацедониа
„Клан Мацедониа“ ДООЕЛ експорт-импорт Сарај, Скопје е компанија основана од акционерското друштво ТВ Клан од Република Албанија, што ја поседува телевизијата Клан во Македонија. Сопственици на ова акционерско друштво се поранешниот новинар Александар Франгај, со 60% од сопственоста, и неговата сопруга Алба Гина, со 40%. Примарна дејност на компанијата е телевизиско емитување.
Компанија мајка
Aкционерското друштво ТВ Клан
Бизнис форма
Приватна
Правна форма
Акционерско друштво
Бизнис сектори
Телевизиска програма и емитување
Индивидуален сопственик
Други телевизии
Клан ТВ (Албанија) ; Клан + (Албанија)
Други радија
Клан Радио (Албанија)
Други онлајн медиуми
klanmacedonia.mk
tvklan.al (Албанија)
Медиумски бизнис
Клан Медиа
Бизнис
Бизнис
Клан Медиа
АД Клан ТВ
Општи податоци
Година на основање
2018
Поврзани интереси на основачот
Се сопственици на една од најгледаните албански телевизии Клан, во 2018 година го прошируваат својот медиумски бизнис во Македонија. Отвораат фирма, ја преземаат локалната ТВ станица „ТВ Арт“ и ги поставуваат темелите на новата македонска телевизија – Клан Македонија.
Двајцата сопружници не се присутни во македонската јавност, а освен телевизијата, тие немаат други бизниси во Македонија. Телевизијата Клан Македонија ја поседуваат преку нивното акционерското друштво ТВ Клан од Албанија, каде 100% акционери се двајцата сопружници.
Инаку, Александар Франгај е поранешен новинар и медиумски претприемач од Албанија, кој во последните години го прошири својот бизнис во градежништвото и недвижностите.
Вработени
34
Контакт
Даночен / матичен број
7180845
Финансиски информации
Приходи ( Финансиски податоци/опционално)
77.816 $ / 4.56 мил. МКД
Оперативен профит (во мил. $)
-541.127 $ / -31.71 мил. МКД
Рекламирање (во % од вкупното финансирање)
37.372 $/ 2.19 мил. МКД (48%)
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 13.07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
