Онлајн медиа

Компанијата Друштво за дигитални медиуми „Онлајн медиа“ од Скопје, е основана во 2012 година, по затворањето на најгледаната приватна телевизија А1.

Основна дејност на компанијата е функционирањето на порталот „А1 он“, каде на почетокот работеа главно новинари од затворената телевизија и затоа овој портал се сметаше за нејзино дигитално продолжение.

Пет години од основањето со удел во „Онлајн медиа“ влегува компанијата „Нова медиа“ на Игор Лештар, а од почетокот на 2018, „Онлајн медиа“ стана дел од групацијата „Клип медиа“ која има вкупно десет портали.

Клучни податоци

Бизнис форма

Приватна

Правна форма

Друштво со ограничена одговорност на едно лице

Бизнис сектори

Онлајн медиуми

Сопствеништво

Индивидуален сопственик

Медиуми
Факти

Медиумски бизнис

Онлајн медиуми

Клип медиа Груп

Бизнис

Развој на софтвер

Синами

Развој на софтвер

Синами

Општи податоци

Година на основање

2012

Поврзани интереси на основачот

Предраг Петровиќ

уредник и долгогодишен новинар. Голем дел од својата кариера ја поминал во влијателната приватна телевизија А1 која беше затворена по 18 години работа, во 2011 година. Медиумот официјално беше затворен поради финансиски неправилности, но зад тоа стоеше пресметка на власта предводена од десно ориентираната ВМРО ДПМНЕ со најгледаниот медиум што беше критичар на власта. По затворањето дел од новинарите на телевизијата, меѓу кои и Петровиќ, формираа сопствени портали.

Вработени

2

Контакт

Адреса: 11 Октомври 33а, 1000 Скопје

E-mail: a1onmkd@gmail.com

тел.: +389 75 289 010

Даночен / матичен број

6762549

Финансиски информации

Приходи ( Финансиски податоци/опционално)

24.573 $ / 1.44 мил. МКД

Оперативен профит (во мил. $)

-13.663 $ / -800.627 МКД

Рекламирање (во % од вкупното финансирање)

Нема податоци

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 23.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union