Репро Принт
Репро Принт ДООЕЛ увоз-извоз Скопје е фирма основана во 2006 година од бизнисменот Минчо Јорданов со примарна дејност производство на минерална вода и освежителни пијалаци. Во 2013 година Јорданов излегува од сопствеништвото на фирмата, како физичко лице и тогаш во сопственичката структура влегува офшор-компанијата Репро Оне Лимитед Тортола, регистрирана на Британските девствени острови, која сега е стопроцентен сопственик на Репро Принт. Со нејзиното влегување се менува и примарната дејност на фирмата, во издавач на весници. Освен што го поседува весникот „Нова Македонија“, компанијата е мнозински содружник на неделникот за економија и бизнис „Капитал“. Под нејзина капа е и холдингот „Перминдекс“, кој, покрај винаријата „Стоби“, обединува млекарница и центар за пакување свежи овошје и зеленчук. Сопственик на Репро принт е бизнисменот Минчо Јорданов.
Компанија мајка
Репро Оне Лимитед Тортола
Бизнис форма
Приватна
Правна форма
Друштво со ограничена одговорност
Бизнис сектори
Издаваштво
Индивидуален сопственик
Други печатени медиуми
Капитал (неделник)
Други онлајн медиуми
https://novamakedonija.com.mk/
Медиумски бизнис
Медиумски бизнис
Издавање весници | Репро принт ДООЕЛ експорт импорт Скопје
Meдиуми | Капитал Медиа Груп, Нова принт Скопје
Бизнис
Друштво за филмска продукција и дистрибуција
Луминари Медиа ДОО Скопје
Винарија
Винарија Стоби (Северна Македонија)
Млечна индустрија
Мандра Галичник ДООЕЛ Градско, Млекара Галичник ДООЕЛ Градско (Северна Македонија)
Трговија со овошје и зеленчук
Јарден ДООЕЛ Градско (Северна Македонија)
Холдинг
Перминдекс ДООЕЛ Градско (Северна Македонија)
Здравство
Болница Ремедика, Офталмолошка ординација ПЗУ Офторе Скопје, Ординација Прима мед (Северна Македонија)
Консултантски услуги
Макмедикон консалтинг (Северна Македонија)
Медиуми
Капитал медиа груп, Нова принт
Трговија
Собирање отпад
Петреп Доо Штип
Петреп ДООМЕ Штип
Сметководство
Репро траст ДООЕЛ Скопје
Металургија
АД Факом Скопје
Ракометен клуб
Женски ракометен клуб Металург Скопје
Маркетинг
ВГА
Холдинг
Репро оне лимитед (Британски девствени острови)
Општи податоци
Година на основање
2006
Поврзани интереси на основачот
Јорданов поседува или контролира поголем број крупни бизниси во металургијата, градежништвото, здравството, производството на храна и на вино итн.
Вработени
31
Контакт
Адреса: ул. 16 Македонска бригада
бр.18, 1000 Скопје
тел: +389(0) 2 5511711
Даночен / матичен број
6123163
Финансиски информации
Приходи ( Финансиски податоци/опционално)
653.414 $ / 38.29 мил. МКД
Оперативен профит (во мил. $)
-113.481 $ / -6.65 мил. МКД
Рекламирање (во % од вкупното финансирање)
Нема податоци
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 25. 07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
