Слободен печат

Слободен печат

Компанијата Слободен печат ДОО Скопје е основана во 2013 година, со основна дејност- издавање весници. Во нејзиното еднодецениско постоење има повеќе промени во сопственичката структура, за сега таа да биде во доминантна сопственост на српскиот адвокат Владимир Гаљак кој поседува половина од компанијата. Втората половина е сопственост на македонската компанија Печат Мк, каде 90% удел има бизнисменот Драган Живковиќ, а 10% еден од директорите на Слободен печат, Мирослав Јовановиќ.

Компанијата освен што го издава весникот Слободен печат, во рамки на својата медиумска групација ја поседува и истоимената веб страница, како и видеоплатформата Слободна ТВ.

Клучни податоци

Бизнис форма

Приватна

Правна форма

Друштво со ограничена одговорност

Бизнис сектори

Издаваштво

Сопствеништво

Индивидуален сопственик

Мирослав Јовановиќ

Мирослав Јовановиќ е син на еден од основачите на весникот, Градимир Јовановиќ и во сопственичката структура на медиумот влегува откако од неа ќе излезе неговиот татко. Од 2018 година е поставен за директор на фирмата издавач на весникот, период во кој тој има половина од сопствеништвото на компанијата. Веќе следната година, својот удел го продава на фирмата Печат мк, во која покрај него, сопственик е и Драган Живковиќ.

5%
Медиуми
Other Media Outlets

Други онлајн медиуми

https://www.slobodenpecat.mk/

Факти

Медиумски бизнис

Издавање весници

Слободен печат ДОО Скопје (Македонија)

Општи податоци

Година на основање

2013

Поврзани интереси на основачот

Владимир Кошевалиски

сопственик на компаниите Нет медиа груп ДООЕЛ и ДНА Комуникации ДООЕЛ Скопје, кои се регистрирани како интернет портали и компании за истражувања на пазарот и јавното мислење. Кошевалиски е еден од основачите на невладината Асоцијација за заштита на национални печатени медиуми АЗНПМ Скопје. Во 2016 излезе од сопственичката структура на весникот.

Вработени

48

Контакт

Адреса: Ул. Кеј 13 Ноември ГТЦ

Кат 2, Локал 12, Д.Е. 234, 1000 Скопје

тел.: +389 2 551 1763

web: slobodenpecat.mk

Даночен / матичен број

6895760

Финансиски информации

Приходи ( Финансиски податоци/опционално)

1.50 мил. $ / 88.21 мил. МКД

Оперативен профит (во мил. $)

6.488 $ / 380.223 МКД

Рекламирање (во % од вкупното финансирање)

Нема податоци

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 25. 07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

Документи

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union