ВЕЧЕР ПРЕС
Друштвото за издавање и маркетинг Вечер Прес ДООЕЛ доби приватен сопственик во 2003 година, кога државата распиша тендер за продажба на брендовите на новинското издавачко претпријатие кое беше во лоша состојба. Тогаш Вечер го купи маркетинг агенцијата Идеа Плус ДДБ и Петар Рибарски. Тие во компанијата беа се до 2006 година кога ја продадоа на Бојо Андрески. Бизнисменот во сопствеништвото влезе заедно со своето семејство, сопругата и ќерките, но од 2008 година весникот има само еден сопственик, братот на зетот на Андрески Сашо Богдановски.
Бизнис форма
Приватна
Правна форма
Друштво со ограничена одговорност во сопственост на едно лице
Бизнис сектори
Издавање и маркетинг
Индивидуален сопственик
Други онлајн медиуми
https://www.vecer.press/
Медиумски бизнис
Маркетинг и медиуми
Вечер (Македонија)
Општи податоци
Година на основање
2004
Поврзани интереси на основачот
долгогодишен маркетинг менаџер. Тој ја почнал кариерата во 1990-тите години во маркетинг агенцијата Идеа Плус ДДБ. Рибарски заминува од Вечер прес во 2006 година. Денес е менаџер во меѓународна компанија. Идеа Плус ДДБ е маркетинг агенција која се уште работи на македонскиот пазар.
Вработени
32
Контакт
Адреса: булeвар. Мито Х.Јасмин бб, Скопје
Тел: +38523219650
Даночен / матичен број
5850797
Финансиски информации
Приходи ( Финансиски податоци/опционално)
536.861 $ / 31.46 мил. МКД
Оперативен профит (во мил. $)
-182.765 $ / -10.71 мил. МКД
Рекламирање (во % од вкупното финансирање)
Нема податоци
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 01. 08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
