Често поставувани прашања
1. Што е МОМ?
Мониторинг на медиумската сопственост „Media Ownership Monitor” (MOM) е развиен како алатка за создавање јавно достапни, постојано ажурирани бази на податоци во кои се наведени сопствениците на сите релевентани медиуми ( печат, радио, телевизија и интернет).
Целта на MOM е да фрли светло на ризиците за медиумскиот плурализам што произлегуваат од концентрацијата на сопствеништвото (за повеќе види: Methodology.) За да се отсликаат националните карактеристики и откријат факторите што го зголемуваат или намалуваат ризикот за медиумската концентрација, МОМ прави квалитативна проценка на пазарот и на легалната рамка.
2. Кој стои зад МОМ?
МОМ е инициран и реализиран од Reporter ohne Grenzen e. V. – германската секција на меѓународната организација Reporters Without Borders (Репортери без граници), чија цел е одбрана на слободата на медиумите и правото да се информира, и да се биде информиран, секаде во светот.
Во 2019, проектот прерасна во Global Media Registry (Глобален медиумски регистар ГМР), независна непрофитна организација регистрирана според германските закони.
Во секоја земја ГМР соработува со локална партнерска организација. Во Северна Македонија соработува со Балканската истражувачка репортерска мрежа - БИРН Македонија (Balkan Investigative Reporting Network BIRN Macedonia). Проектот е финансиран од ЕУ.
3. Каде можам да го симнам извештајот?
Страницата овозможува целата содржина да се симне во ПДФ формат. Тој автоматски се генерира и секојдневно се ажурира. Го има на сите локални јазици. За да генерирате ПДФ одете најдоле на страницата, одберете го јазикот и кликнете „Download complete website as PDF”.
4. Зошто е важно медиумската сопственост да биде транспарентна?
Медиумите влијаат на тоа како се гледаат и обработуваат фактите во едно општество, со што придонесуваат во креирање на јавното мислење. Независноста и плурализмот на медиумите, мислењата и гледиштата, вклучувајќи ја и критиката на луѓето на власт - се чувари на демократија. Плурализмот на сопствеништво на медиумите е првиот чекор кон независност и слобода на изборот на граѓаните.
Како луѓето можат да ја оценат веродостојноста на информациите, ако не знаат кој ги обезбедува? Како новинарите можат квалитетно да работат, ако не знаат кој ја контролира компанијата за која работат? И како регулаторот може да се бори против концентрација на медиумите, ако не знае кој стои зад нив?
Оттаму MOM се стреми кон тоа да овозможи транспарентност и да одговори на прашањето „кој ја контролира содржината во медиумите“, за да се крене јавната свест за важноста на тоа прашање, и да се создаде основа за барање одговорност од политичките и економски актери за актуелната состојба.
Бидејќи ја сметаме транспарентноста на медиумската сопственост како клучен предуслов за медиумскиот плурализам ја документираме и отвореноста на медиумските компании да обезбедат информации за нивната сопственичка структура. Врз основа на одговорите разликуваме степени на транспарентност – кои се посочени во секој профил на медиумот и на компанијата.
Мотивацијата на сопствениците да останат скриени, а некои дури и активно да ги сокријат своите инвестиции, можат да варираат од легални до илегални и да се базираат на лични, законски или причини поврзани со бизнис активности – или пак комбинација на секоја од нив поединечно, во екстремни случаи дури и кривични дела како што е затајување данок или кршење на анти-монополни закони.
Некои од причините вклучуваат:
- Во некои земји сопственоста врз медиумите е законски ограничена за да се избегне медиумска концентрација. Па доколку некој сака да ја зголеми својата медиумска империја преку дозволените граници често користи лажни (прокси) сопственици или компании регистрирани во странство, неретко и на оф-шор дестинации.
- Некогаш сопствениците добиваат лични закани или се соочуваат со други опасности од власта или конкуренцијата и за да се заштитат, решаваат да останат непознати.
- Во многу случаи сопствеништвото е испреплетено со политички или економски интереси, дури и повеќе од тоа, па ако некој е на функција, ќе се сокрива за да скрие конфликт на интереси.
- Во ретки случи криењето на сопствеништвото се случува ненамерно бидејќи со спојувања и аквизиции низ годините, корпоративната структура станува толку комплексна што е тешко да се идентификува изворниот краен сопственик.
- И последно по место, а не по значење: постојат ‘нормални’ причини за криење на медиумското сопствеништво, кои не се поврзани со медиумската работа, како што е притајувањето данок.
5. Каков тип на регулација на концентрацијата сугерира МОМ?
МОМ не зазема нормативни позиции и не сугерира како да се регулира сопственоста на медиумите. Каква форма на регулација на медиумската сопственост ќе функционира зависи од контекстот на самата земја, постојните легални и пазарни услови, сопственичкиот пејзаж.
МОМ дава алатка за транспарентност што поттикнува демократска дискусија за тоа прашање како и за прашањето на доброто владеење: шансите решенијата да бидат поквалитетни и подобро да ги отсликуваат желбите на луѓето се поголеми доколку тие имаат пристап до соодветни информации и доколку се спроведат широки консултации со слободна размена на идеите и мислењата.
6. Како се собирани и валидирани податоците?
Со давање предност на официјални извори и/или извори кои се сметаат за високо кредибилни и сигурни. Кога информациите не се јавно достапни, се бараат директно од медиумските компании или истражувачки институти. Сите извори се темелно документирани и архивирани во Library. За повеќе детали испратете барање до БИРН.
Главното прашање е: кои медиуми влијаат на креирањето на јавното мислење? За да ги скенираме сите релевантни медиуми, ги вклучивме сите видови (печат, радио, телевизија и интернет).
7. Како се дефинирани “најрелевантните медиуми“?
За да бидат во базата медиумите мораа да ги исполнат следниве критериуми:
МОМ се фокусира главно на медиуми кои прават вести на ниво на целата земја. Не се вклучени специјализирани медиуми, со фокус на специфични теми (музика, спорт), локалните медиуми, како и агрегаторите на вести.
Врз основа на овие критериуми, селекцијата првично требаше да се состои од 10 медиуми од секој тип: печат, радио, тв и интернет).
8. Како се селектирани медиумите?
Во отсуство на соодветни мерења на публиката, МОМ се фокусираше на 10 најголеми телевизиски станици, вклучувајќи го Јавниот сервис, пет телевизии со национална концесија и кабелски и сателитски медиуми кои се меѓу десетте најгледани ТВ станици според анкетата на АВМУ. Во базата се вклучени четири дневни весници и еден неделник бидејќи останатите или нередовно излегуваат, или не се дистрибуираат на национално ниво, или пак не се информативни. Исто така има само пет национални радиостаници со редовни вести.
За да се направи селекција на информативните портали консултирани се три извори: податоците од „SimilarWeb“, компанија специјализирана за мерење на интеренет сообраќај, податоците од „Picasa Analytics“ и „Crowd Tangle“, алатка на Мета која ги анализира јавните објави на социјалната мрежа. Одбраните 13 онлајн медиуми се појавуваат како најследени во најмалку два од трите извори.
9. Зошто Северна Македонија?
Северна Македонија е на 38 место од 180 држави на Светскиот индекс на слободата на медиумите на Репортери без граници, во 2023 година. Иако новинарите веќе не работат во непријателска околина, медиумските реформи доцнат и владините реклами, порано користени како алатка за замолчување и контрола на телевизиите, повторно се враќаат како кампањи од јавен интерес.
Во извештајот за напредокот на земјата објавен од ЕУ во ноември 2023 година се наведува дека: „Треба да се обезбеди поголема транспарентност при рекламирањето на државните институции и на политичките партии во медиумите. Потребна е реформа на јавниот радиодифузен сервис за да се зајакнат неговата независност, професионалните стандарди и финансиската одржливост. Од декември 2018 година, Собранието го одложува назначувањето на Програмскиот совет на јавниот радиодифузен сервис и на Советот на регулаторот за медиуми. Условите за работа на новинарите остануваат предизвик.“
„Онлајн медиумите не се уредени со посебен закон. Има промена на пазарот за рекламирање во насока на дигиталното рекламирање, со растечки закани од дезинформации, прекршување на интелектуалните права и недостаток на транспарентност во однос на платеното политичко рекламирање. Одредени онлајн медиумски куќи се предмет на влијание од политички фигури. Политичките партии не се обврзани да ги обелоденат своите трошоци за кампањи на социјалните мрежи. Постои несоодветен надзор во однос на користењето на личните податоци за цели на изборната кампања.“
10. Дали МОМ постои само за Северна Македонија?
МОМ разви генеричка методологија која потенцијално може да биде универзално аплицирана. Иако трендови на концентрација на медиумите се видливи во целиот свет, имплементацијата и анализата најнапред се случуваат во земјите во развој. Во изминатите години методологијата на МОМ е применета во околу 20 земји. Сите поединечни проекти можат да се видат на глобалниот вебсајт.
11. Кои се ограничувањата на истражувањето?
Не постојат релевантни податоци за публиката ниту кај телевизијата, ниту кај радиото, печатот и онлајн медиумите. Нилсон врши мерење само за пет национални приватни телевизии, а АВМУ спроведува анкета за најгледаните телевизии и радио станици. Бројот на испечатените копии на весниците е достапен, но не и бројот на продадените примероци. Што се однесува до онлајн медиумите постојат сервиси и алатки кои го следат рејтингот, но тие се разликуваат и се базираат на различни критериуми. Нема јавни информации или студии за рекламниот пазар во земјата.
12. Што ни е целта?
Базата:
- дозволува секој граѓанин да биде информиран за медиумскиот систем генерално;
- претставува основа врз која цивилното општество може да работи на понатамошна промоција на важноста на медиумската сопственост и концентрација;
- служи како референца за консултирање на институциите кога тие воспоставуваат соодветни регулаторни мерки за да го заштитат медиумскиот плурализам.
13. Што следува?
Базата ја отсликува моментната ситуација, контекстуализирана со историски факти. Целта ни е да ја обновуваме, доколку тоа е можно.
14. Има ли слични проекти?
The Media Ownership Monitor е генерално инспириран од два слични проекта. Индикаторите главно се базираат на Media Pluralism Monitor на Centre for Media Pluralism and Media Freedom (CMPF) при Европскиот Универзитетски Институт (EUI, Фиренца). Дополнително Медиапедија, база на сопственици изработена од истражувачки новинари во Македонија служеше како инспирација за Media Ownership Monitor. Преглед на слични проекти може да се најде во табелата подолу.
Организација | |||
---|---|---|---|
Шпанска невладина организација која работи на полето на транспарентност на медиумската сопственост во неколку европски земји. | |||
НВО која е фокусирана на слободата на медиумите. Работи и на проекти поврзани со нивната концентрација. | |||
The „Media Freedom Navigator“ на Дојче Веле дава преглед на различни медиумски индикатори. | |||
База на податоци за телевизии и аудиовизуелни сервиси во Европа. | |||
| Страницата обезбедува резиме и анализа за состојбата на медиумите во Европа и соседните земји.
| ||
„The Media Pluralism Monitor“ го проценува ризикот за медиумскиот плурализам во земјите членки на ЕУ . | |||
Мрежа која обезбедува податоци за состојбата на медиумиѕе во многу земји. | |||
Индексот на медиумска одржливост (MSI) обезбедува анализа на условите за независните медиуми во 80 земји. | |||
Страницата обезбедува информации за сопственичката структура на медиумите во Велика Британија. | |||
Организацијата објавува интерактивна база на податоци за медиумите во САД. | |||
Ја следи сопственичката структура на медиумите и влијанието на медиумскиот плурализам во Југоисточна Европа. | |||
The Columbia Institute for Tele-Information at Columbia Business School | Истражување за медиумската концентрација на кое работат автори од 30 земји во светот и кое користи заедничка методологија. | ||
База на меѓународни корпорации кои зад најголемите светски медиуми. | |||
Media Development Indicators - Рамка за проценка на развојот на медиумите |