ТИМ

Имањето компетентна партнерска организација во самата земја е клучно за ефективна имплементација на МОМ. Проектот немаше да биде можен без посветеноста и работата што ја вложи тимот на БИРН Македонија. 

МОМ Тим

Нафиса Хасанова, раководител на истражување, ГМР

Нафиса ги водеше проектите за следење на сопственоста на медиумите во Украина (2016), Србија (2017), Албанија (2018), Шри Ланка (2018), Индија и Пакистан (2019). Како претставник на тимот на Репортери без граници таа беше вклучена и во Новинарската иницијатива за доверба. Пред да се приклучи на Репортери без граници, Нафиса работеше на процеси во молдавскиот регион Приднестровје кои ги водеше Финската иницијатива за управување со кризи основана од поранешниот претседател на Финска Марти Ахтисари.  Пред тоа, таа работеше како офицер за политика за Источна Европа, Кавказ и Централна Азија за APRODEV , EU Central Asia Monitoring (EUCAM) за Центарот за европски политички студии. Нафиса е магистер по интеркултурна комуникација и европски студии на Универзитетот за применети науки во Фулда, Германија. Дипломирала англиска филологија на Државниот институт за странски јазици на државниот универзитет Самарканд во Узбекистан.

Шели Гомес, истражувач и асистент на проектот, ГМР

Шели е проектен асистент и истражувач која моментално работи за Мониторот на сопственост на медиумите (МОМ) на Западен Балкан. Таа, исто така, е волонтер во Intervozes, организацијата што го спроведуваше „Монитор на сопственоста на медиумите“ во Бразил, каде што претходно работеше како консултант за застапување. Во Intervozes, таа исто така работеше како истражувач во неколку проекти кои се однесуваат на слободата на изразување, лажни вести, медиумско покривање и сопственост на медиумите. Таа има диплома по политички науки на Универзитетот во Бразилија, а периодов ги завршува магистерски студии по медиуми на Карловиот универзитет во Прага.

Леа Ауфарт, шеф на операции, ГМР

Леа го координира спроведувањето на „Монитор на сопственост на медиумите“ и директно управува со некои од нив. Претходно, таа работеше за Репортери без граници, каде ја координираше Новинарската иницијатива за доверба и го предводеше развојот на нејзината ИТ инфраструктура. Работела и на проекти за медиумска транспарентност, писменост и етика меѓи кои т „Монитор на сопственоста на медиумите“ (MOM) и „Проектот за дигитални права“ на либанската фондација Самир Касир. Леа е обучена новинарка и има работено за германскиот јавен радиодифузен сервис WDR, како и во регионални весници. Таа е магистер по разрешување конфликти на Кралскиот колеџ во Лондон.

Олаф Стинфад, директор на глобален проект, ГМР

Олаф Стинфад го предводи проектот „Монитор на сопственоста на медиумите“ и „Новинарската иницијатива за доверба“ во меѓународната организација Репортери без граници. Долги години е ангажиран како консултант и тренер во соработка за развој на медиуми. Работните задачи во  меѓународните организации и невладините организации го водат пред се во Југоисточна Европа и арапскиот свет. Тој претходно работеше за националните германски јавни радиодифузери АРД и ЗДФ на различни позиции, вклучително и како радио и ТВ презентер, истражувачки новинар, домашен и странски дописник, како и во развој на формати и корпоративна комуникација. Олаф е член на „Експертската група на високо ниво за лажни вести и онлајн дезинформации“ на Европската комисија и на „Комитетот на експерти за квалитет на новинарството во дигиталната ера“ при Советот на Европа. Тој често предава на универзитетите во Германија и Европа.

Ана Петрушева, БИРН Северна Македонија

Ана Петрушева е искусна новинарка и еден од основачите на регионалната мрежа БИРН и на БИРН Македонија. Таа е директор на БИРН во Северна Македонија.

Тамара Чаусидис, БИРН Северна Македонија

Тамара Чаусидис е долгогодишен новинар, тренер и главен уредник на Призма.мк, онлајн изданието на БИРН Македонија. Во текот на нејзината кариера, таа активно се занимава со унапредување на професионалните стандарди и истражувачките новинарски вештини за младите новинари. Коавтор на Прирачникот за етика во новинарството.

Владо Апостолов, БИРН Северна Македонија

Владо Апостолов е искусен новинар со долгогодишно  искуство. Осум години е член на тимот на БИРН.

Гоце Трпковски, БИРН Северна Македонија

Гоце Трпковски е искусен новинар со речиси дводецениско искуство, кој се приклучи на БИРН во 2018 година. Претходно работел како новинар и уредник во весниците Нова Македонија и Време.

Васко Маглешов, БИРН Северна Македонија

Васко Маглешов е наградуван новинар. Веќе 15 години работи за различни медиуми. Од 2020 година работи како истражувачки новинар во БИРН.

Фросина Димеска, БИРН Северна Македонија

Фросина Димеска се приклучи на БИРН во април 2022 година. Професионално се занимава со новинарство од 2004 година. Поголемиот дел од нејзината кариера работеше во Радио Слободна Европа како политички новинар.

Јасмина Јакимова, БИРН Северна Македонија

Јасмина Јакимова е искусна новинарка која има работено во различни медиуми. Неодамна таа се приклучи на тимот на БИРН.

Елена Гаговска, БИРН Северна Македонија


Елена Гаговска е млада новинарка која работи во БИРН Македонија. Работела како фриленсер новинар. Магистрирала северноамерикански студии на Универзитетот Freie Universität во Берлин.

Во спроведување на Проектот за сопственост на медиумите во Северна Македонија, вредна помош беше дадена од:

Снежана Трпевска, коосновач на Институтот РЕСИС и експерт за медиумско право, медиумска политика и методологија на социјално истражување. Докторирала социолошки науки и магистрирала комуникациски студии.

Дејан Георгиевски, претседател на Центарот за развој на медиуми, кој повеќе од две децении активно придонесува во областа на медиумските политики и слободата на изразување.

БИРН Македонија

БИРН Македонија е независна невладина организација основана во 2004 година како дел од регионалната организација – Балканска истражувачка репортерска мрежа.

Оттогаш БИРН Македонија има имплементирано различни локални и регионални проекти, од организирање на тренинзи за меѓународните новинарски стандарди при покривање на прашања од транзициска правда, производство на телевизиски документарци, објавување на анализи и истражувања како и организирање на трибини за прашања поврзани со ЕУ интеграцијата на Македонија.

Со својата работа БИРН Македонија изгради репутација не само на кредибилна медиумска организација, но исто така и извор за развој на медиумите и градење на изградба на мрежа на новинари. Исто така, воспостави силна врска помеѓу медиумите и невладините организации во Македонија и во регионот, водејќи локално важни програми дизајнирани да одговорат на медиумските и пошироките општествени потреби.

БИРН Македонија придонесува и кон повеќе различни проекти на Регионалната мрежа на БИРН и имаше суштествена улога при формирањето на Балкан Инсајт како еден од водечките регионални медиуми.

Целта на БИРН Македонија е да ја консолидира стабилноста на земјата и да ги забрза политичките, економските и социјалните реформи во рамките на Евро-атлантската интеграција. Тоа го прави со квалитетно новинарство и олеснување на дебатите за клучните предизвици.

Балканската истражувачка репортерска мрежа од која е дел и БИРН Македонија е мрежа на уредници, тренери по новинарство и новинари, посветени на создавање силни, професионални и независни медиуми во Југоисточна Европа како суштински дел во развивањето на демократијата и слободниот пазар на Балканот.

Глобален медиумски регистар

Глобалниот медиумски регистар (ГМР) собира, компилира и обезбедува сетови на податоци и контекстуални информации за медиумите ширум светот. 

Целта е да се подобри транспарентноста, веродостојноста и одговорноста  во информативниот простор. Со тоа, ГМР придонесува кон информиран избор и носење одлуки за сите заинтересирани страни. Во нив може да спаѓаат граѓани и потрошувачи , регулатори и донатори, како и приватниот сектор - на пример, рекламерите и посредниците (платформи и дистрибутери).

На тој начин Глобалниот медиумски регистар придонесува за напредокот на слободата на информирање и изразување. 

Тој беше основан како продолжување на проектот за следење на сопственоста на медиумите, кој сега оперира  како непрофитна друштво со ограничена одговорност регистрирано според германското законодавство.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union