24

Телевизија 24 емитува програма на македонски јазик преку сателит низ Северна Македонија. Првично познатa како 24 Вести, кога беше лансиранa во 2010 година, телевизијата беше наречена „македонски Си-Ен-Ен“ и се фокусираше да објавува вести на секој час. Во 2017 година се ребрендираше во Телевизија 24, преминувајќи од специјализиран медиум за вести во општ програмски формат. Покрај вестите, каналот ја прошири својата содржина и емитува филмови, серии и други забавни содржини.

ТВ 24 е сателитска телевизија, за која од самиот старт има дилема кој е вистинскиот сопственик. На хартија тоа е австрискиот бизнисмен Јирген Мајкснер преку две негови компании „ЈМ-Дата“, односно „Кејбл 24“. Сопственикот на кабелскиот оператор „Телекабел“, Робер Димитров во 2017 година јавно зборуваше дека Мајкснер не само што му е познаник, туку дека неговата „Телекабел“ ѝ давала заеми на Телевизија 24 што ги подгреа честите шпекулации дека всушност тој е вистинскиот сопственик на медиумот.

Наредната 2018 година сестрата на Роберт Димитров, Жанжанина Стојанова преку фирмата „Роби инженеринг“, на која таа е сопственик, се обиде да ја преземе Телевизија 24, меѓутоа Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) не го дозволи преземањето зашто на тој начин се овозможува концентрација на медиум и на кабелски оператор што е спротивно на законската регулатива.

Клучни податоци

Удел во гледаност

Нема податоци

Вид на сопствеништво

Приватна

Географска покриеност

Национална

Вид на содржина

Бесплатна содржина

Медиумски компании/Групи

ТРД 24 Вести

Сопствеништво

Сопственичка структура

Стопроцентен сопственик на ТВ 24 е Австриецот Јирген Мајкснер преку две негови компании. Мајкснер ја поседува австриската фирма „ЈМ-Дата“, а таа, пак, е основач на инвестициската компанија (Cable 24) „Цабле 24“, регистрирана на адреса во деловна зграда лоцирана веднаш на брегот од реката Дунав во австрискиот град Линц.

Индивидуален сопственик

Медиумски компании/Групи
Факти

Општи податоци

Година на основање

2010

Поврзани интереси на основачот

Јирген Мајкснер

Четириесет и пет годишниот Австриец, Јирген Мајкснер има развиен телекомуникациски бизнис во неговата родна држава. Преку фирмата „ЈМ-Дата“ тој ја поседува компанијата „Аикол“, која пред 15 години беше најавувана како партнер на македонската „Телекабел“ во бизнисот со фиксна телефонија во државава.
„ЈМ-Дата“ е и посредно сопственик на Телевизија 24 преку компанијата „Цабле 24“. Сопругата на Јирген Мајкснер, Весна е менаџер за продажба за Балканот на „ЈМ-Дата“, таа потекнува од македонскиот град Штип.
Јирген Мајкснер е сопственик и на уште една, трета телекомуникациска фирма - „ЈАнетз“.

Поврзани интереси на извршниот директор

Соња Стојанова

Освен што е управител на Телевизија 24, таа е и малцински акционер во акционерското друштво „Елмар“ од Штип со 0,914 проценти од акциите. Во ова АД, доминантен акционер со 89% од акциите е сопственикот на „Телекабел“, Роберт Димитров. Врската на Соња Стојанова со овој кабелски оператор датира од поодамна и за тоа сведочи записот на МАРнет каде таа е запишана како контакт личност на поранешните интернет-сајтови на „Телекабел“ - robi.com.mk и telekabel.net.mk.

Поврзани интереси на главниот уредник

Анета Додевска

Искусна македонска новинарка чија што специјалност е следење на економската политика. Работела во неколку македонски медиуми, а во ТВ 24 доаѓа во 2011 од штотуку затворената А1 Телевизија. По десет години во ТВ 24, во 2020 беше именувана за главен и одговорен уредник.

Контакт

адреса: ул.„852“ бр.58, Гази баба, 1000 Скопје

тел.: +38926090 924

е-mail: info@24vesti.mk

веб-страница: 24.mk

Финансиски информации

Приходи

654.609 $ / 38.36 мил. МКД

Оперативен профит (во мил. $)

-356.144 $ / -20.87 мил. МКД

Реклами (во % од вкупното финансирање)

528.158 $/ 30.95 мил. МКД (80.7%)

Удел на пазарот

2.54%

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 03. 07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union