Алсат-М

Во своите почетоци, Алсат-М беше македонско продолжение на регионалниот проект Алсат, што беше замислен како телевизија што ќе работи во три држави и ќе емитува програма преку сателит. Како сателитска телевизија, Алсат од Тирана уште во 2003 година емитуваше 24-часовна програма до десет милиони гледачи. Но, регионалниот проект не заживеа и Алсат-М остана да функционира како медиум во македонскиот етер. Телевизијата Алсат-М беше првата двојазична телевизиска иницијатива во Македонија, која почна да емитува програма на албански и на македонски јазик на истиот канал.

Таа стана препознатлива по праксата информативната програма да се подготвува од единствен тим новинари и уредници од различна етничка припадност, а нивните прилози да се преведат на двата јазика и да се емитуваат во различен термин, прво на албански, а подоцна на македонски. Обидот да се премостат етничките и јазични бариери во медиумското работење телевизијата го користи и како своја маркетиншка стратегија.

Клучен носител на одлуки во телевизијата од нејзиното основање е семејството Велија, прво основачот Веби, па неговиот син Ферик Велија.

Клучни податоци

Удел во гледаност

НемаПодатоци

Вид на сопствеништво

Приватна

Географска покриеност

Национална

Вид на содржина

Бесплатна содржина

Медиумски компании/Групи

ТРД Алсат-М

Сопствеништво

Сопственичка структура

Алсат-М е во сопственост на две физичките лица Ферик Велија и Имихане Велија, кои поседуваат по 0,07% од сопственоста на телевизијата и правното лице и
„ВеВе гроуп“ ДОО која има удел од 99.86%. Мнозински сопственик во „ВеВе гроуп“ е Имихане Велија со 88%, мајка на Ферик Велија. Останатите 12% од уделот во „ВеВе гроуп“ се во сопственост на сопругата на Ферик Велија, Зана Велија. Семејството Велија има 100% контрола на медиумот Алсат-М.

Индивидуален сопственик

Медиумски компании/Групи
Факти

Општи податоци

Година на основање

2004

Поврзани интереси на основачот

Веби Велија

Основачот на телевизијата Алсат-М, Веби Велија, често беше опишуван како еден од највлијателните бизнисмени со албанско етничко потекло на Балканот. Роден е во гостиварското село Градец, а бизнисот го развил не само во Македонија, туку и во околните земји. Неговиот најпознат бизнис беше консултантската корпорација „Ве-Ве Груп“, која нуди услуги во областа на енергетиката, животната средина и проектниот менаџмент.
Алсат беше негов проект што бил замислен како регионална сателитска телевизија што ќе ги покрива подрачјата на Балканот каде што живее значителен број албанско население. Телевизијата прво работеше во Албанија, а од 2004 година почна да емитува програма во Македонија. Веби Велија беше познат и како основач и претседател на „Велија Фондацијата“ за култура, претседател на Здружението на индустријалци и инвеститори на Албанија, член на регионалните иницијативи на СЕКИ и на советодавното тело за бизнис на Пактот за стабилност, член на Националниот совет за труд на Министерството за труд и социјална политика на Албанија и член на Надзорниот одбор на Агенцијата за промовирање на странски инвестиции во Албанија. Почина во 2009 година, на 61-годишна возраст.

Поврзани интереси на извршниот директор

Ферик Велија

Син на основачот на телевизијата Веби Велија и по неговата смрт тој управува со медиумската компанија. Тој исто така го наследи управувањето и со главниот бизнис на семејството Велија, консултантската компанија „Ве-Ве Груп“, која нуди услуги на државни институции и на големи компании од енергетиката, транспортот, животната средина и друго, во Северна Македонија и во други земји од регионот. Бил вклучен во семејните бизниси на татко му од 1992 година, и целосно продолжи да ги раковoди по неговата смрт во 2009 година.

Поврзани интереси на главниот уредник

Адмир Ќосе

Главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат-М од 2015 година. Новинарската кариера ја почнал во албанската телевизија ТелеНорба од Тирана, а се придружува на Алсат-М од 2006 година, како новинар и уредник. Освен како новинар, работел и како преведувач и како професор по филозофија.

Контакт

Адреса: Булевар Крсте Петков Мисирков, 1000 Скопје

тел.: +389 2 3216070

е-mail: alsat@alsat-m.tv

веб-страница: alsat.mk

Финансиски информации

Приходи

2.78 Mln $ /162.98 мил. МКД

Оперативен профит (во мил. $)

59.898 $ / 3.51 мил. МКД

Реклами (во % од вкупното финансирање)

2.4 Mln $ /140.9 мил. МКД (86.45%)

Удел на пазарот

11.57%

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 28.06.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union