ТРД ЈОН-РАДИО

ТРД ЈОН-РАДИО

Трговското радиодифузно друштво ЈОН-РАДИО ДОО Струга во 2019 година го основал Фисник Татеши од Струга. Денес тој е малцински сопственик со 37,5 проценти од фирмата. Останатите 62,5 проценти му припаѓаат на гостиварецот Гоце Стојковски. Компанијата има дозвола за радио емитување на специјализиран формат на државно ниво, кај кој, доминантниот вид програма е со забавна функција, на албански и на македонски јазик.

Клучни податоци

Бизнис форма

Приватна

Правна форма

Друштво со ограничена одговорност

Бизнис сектори

Радио емитување

Сопствеништво

Индивидуален сопственик

Медиуми
Other Media Outlets

Други онлајн медиуми

http://www.jonradio.mk/

Факти

Општи податоци

Година на основање

2019

Поврзани интереси на основачот

Фисник Татеши

е единствениот основач на струшкото Радио Јон, меѓутоа во моментов тој е малцински содружник во фирмата што стои зад медиумот со 37,5 проценти од сопственоста. Тој не е случаен лик во медиумскиот бизнис. Неговиот татко Мазар Татеши ја поседува локалната телевизија во Струга, ТВ Калтрина на која токму Фисник е управител.

Вработени

4

Контакт

Адреса: ЈНА бр.Кула 1/5, 6330 Струга

E-mail: jonradio@mail.com

тел.: +389 70 206788

Даночен / матичен број

7348193

Финансиски информации

Приходи ( Финансиски податоци/опционално)

27.133 $ / 1.59 мил. МКД

Оперативен профит (во мил. $)

-41.638 $ / -2.44 мил. МКД

Рекламирање (во % од вкупното финансирање)

27.133 $ / 1.59 мил. МКД (100%)

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 18.07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union